Opel ја откри својата линија за саемот во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Opel е првиот авто производител кој откри што се ќе биде дел од штандот на саемот во Франкфурт. На овој саем Opel традиционално посветува големо внимание и се труди да се прикаже во најдобро светло, а се чини така ќе биде и оваа година.

Покрај новата генерација на Corsa која веќе беше претставена пред јавноста, на штандот на Opel во периодот од 12 до 22 септември премиерно ќе биде претставена и подновената Astra. Токму оваа Astra доаѓа како најефикасен Opel во историјата, во поглед на издувните гасови, а во понудата ќе дојде со досегашните, стандардни мотори.

Централно место на штандот D31 во халата 11.0 ќе заземе хибридната изведба на Opel Grandland X, најголемиот SUV на Opel. Оваа изведба при тоа доаѓа и со погон на сите тркала и литиумско-јонска батерија од 13.2 kWh.

Место на штандот ќе има и за повеќенаменскиот ван, Zafira Life која исто така беше претставена оваа година.