Lexus со електричен концепт на саемот во Токио

ОБЈАВЕНО НА:

Премиум брендот на Toyota Motors, Lexus на саемот во Токио кој на програмата е оваа есен ќе претстави електричен концепт автомобил. Овој концепт кој е целосно електричен ќе го замени моделот CT 200h кој веќе подолг период е дел од понудата на овој јапонски бренд.

Она што засега е познато е дека овој модел ќе се базира на TNGA (Toyota New Global Architecture) платформата, на која се базира и новата Toyota Corolla. Во споредба со CT 200h моделот, овој ќе нуди повеќе простор во внатрешноста и багажникот, а сето тоа благодарение на погомеото меѓуоскино растојание.

Комерцијализацијата на овој концепт се очекува да се случи во текот на 2021 година, а повеќе информации околу техничките карактеристики се очекува да бидат објавени во пресрет на саемската премиера.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK