И Renault Captur на саемот во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот прозиводител Renault посвети големо внимание на новата, втора генерација на Captur кој ја имаше својата саемска премиера токму во Франкфурт.

Новата генерација која се темели на CMF-B платформата која припаѓа на семејството на CMF платформи развиени од страна на Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата, беше претставена на специјален настан во јули годинава, но сега е вистинска ѕвезда на штандот на Renault.

За потсетување, во понудата доаѓа со моторите од актуелната, прва генерација. Тоа значи дека достапен ќе биде во три бензински мотори со систем за директно вбризгување со распон на моќноста од 106 до 114 КС (во зависност од кубикажата која се движи од 1.5 до 2.0 см3). Тука е и единствениот 1.5 литарски дизелски мотор кој ќе биде достапен на одредени региони, а кој продуцира 110 КС.

Производството на овој модел стартува годинава во шпанската фабрика на Renault во Ваљадолид, а засега цената останува непозната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK