Ford Puma Titanium X дебитира во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

На еден од најголемите саеми за автомобили кој денеска ги отвора вратите за медиумите, а од четврток и за пошироката јавност, свое деби ќе има Titanium X верзијата на Ford Puma.

Првата разлика помеѓу основната и Titanium X верзијата се огледа во фелните. Така оваа верзија добива специјални Pearl Grey фелни во металик боја. Благи измени има и во предните и задните браници, а со сребрените-металик елементи потенцирани се одредени детали.

Во внатрешноста доаѓа со премиум аудио систем со моќност од 575 вати, а ќе има и 10 звучници. Тука е и безжичниот полнач, сензорите и паркинг асистенцијата.

Во однос на мотористиката достапни ќе бидат сите мотори како и кај останатите верзии.

Основната верзија на Puma во продажба ќе се најде до крајот на годината откако претходно ќе започне да се произведува во фабриката на Ford во Романија. Почетните цени за основната, но и Titanium верзијата остануваат непознати.