BMW со четири адути на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Од 4 до 14 октомври во Париз ќе се одржи саемот за автомобили, последен голем саем во Европа. Веќе со месеци се шпекулира кој производител што се ќе прикаже на својот штанд на овој саем. Сепак како се доближува стартот на саемот така и авто производителите полека ги откриваат своите адути.

Така, од германскиот производител BMW потврдуваат дека на овој саем центарот на вниманието ќе го постават на четири автомобили од особен интерес.

Во центарот на вниманието на штандот на BMW ќе биде моделот Z4 кој токму на овој саем ќе ја има саемската премиера. Претходно, светската и американската премиера се случи на Concours d’Elegance Pebble Beach настанот во САД одржан на 26 август годинава.

Покрај Z4, на штандот ќе биде прикажана и купе изведбата на серија 8. Како конкурент на S купе класата на Mercedes-Benz, BMW вложува голема надеж во овој автомобил. За таа цел овој модел доаѓа со највисоко ниво на опрема, а тука се наоѓаат и последните иновации на германскиот производител.

На сцената во Париз ќе биде претставена и четвратата генерација на X5 која доаѓа со збогатена понуда на мотори. Тука е и надградениот BMW оперативен систем од 7.0 верзија како и подновената технологија за безбедност и асистенција при возењето.

Ни помалку привлечен во однос на претходните нема да биде и M5. Овој “ѕвер” доаѓа со 4.4 литарски V8 мотор со 617КС. До 100ка забрзува за 3.3 секунди, а 10.8 секунди му се потребни за да забрза до 200 км/ч.

Сепак не се исклучува можноста покрај овие модели, BMW да ги изненади вљубениците со некој концепт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK