Berlingo Multispace доаѓа во Женева (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen објави дека за време на меѓународниот саем на автомобили во Женева на почетокот на следниот месец ќе се одржи светската премиера на третата генерација, BERLINGO MULTISPACE што ќе биде пуштено во продажба во втората половина на оваа година.

Од француската компанија коментираат дека по повеќе од 1,7 милиони продадени возила, новата генерација на моделот доаѓа со сериозни промени во однос на дизајнот и комфорот, како и нови технолошки решенија, вклучувајќи автоматски осумстепена менувач.

Новиот CITROEN BERLINGO MULTISPACE доаѓа со три независни деливи задни седишта во вториот ред, целосно рамен под, 19 системи за поддршка на управувањето, 4 системи за поврзување и најновата генерација мотори, како 1.5 литарскиот дизел BlueHDi 130.

Моделот исто така ќе се нуди во избор меѓу две верзии, M и XL, со должина од 4,4 и 4,75 метри, со капацитет за пет и седум патници, отворено стакло на вратата на багажникот, како и други практични решенија за подобрување на секојдневната применливост на автомобилот.

Фото галерија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK