Ако не бевте во Женева – видете ги новитетите на саемот во Белград

ОБЈАВЕНО НА:

Традиционално и овој март на белградскиот саем ќе се одржи саемот за автомобили кој важи за најголем на Балканот. Саемот за автомобили започнува на 22 март и ќе трае се до 31 март, а во моментов се спроведуваат последните подготовки и уредувања на штандовите на изложувачите.

Организаторот најавува 410 најразлични изложувачи меѓу кои бројни производители на автомобили, производители на делови за автомобилската индустрија, производители на авто козметика итн. Сите овие ќе бидат преставени на изложбен простор од 40 илјади метри квадратни, а организаторите се убедени дека ќе успеат да го надминат минатогодишниот рекорд од 146 илјади посетители.

Поединечната влезница за овој саем изнесува 400 српски динарки, а доколку доаѓате со автомобил тогаш паркинг картата на паркингот во рамките на саемксиот дел изнесува 150 динари по сат.

Покрај 54. саем за автомобили напоредно ќе се одржи и 13. саем за мотоцикли, мопеди, скутери и резервни делови и опрема за мотоциклистичката индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK