Renault со лесен фејслифт на Talisman

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Renault лесно го оптимизираше својот топ модел Talisman со што го направи посигурен и поудобен. Обновениот седан и Grandtour го започнуваат своето патување со нови системи за помош на возачот и оналaјн мултимедискиот систем Easy Link. Францускиот „среќко“ може да биде порачан од средината на овој месец. Се предвидува доставувањето да почне од септември.

Новиот Talisman може да се препознае со редизајниран преден дел, кој ја опфаќа целата решетка на ладилникот.

„Деталите oд хром има во LED задните светилки, динамичните индикатори, а новите тркала со димензии од 17, 18 и 19 инчи ставаат дополнителен акцент“,велат од Renault Германија.

Во зависност од опремата, фаровите на Talisman LED Matrix Vision обезбедуваат фино дозирана светлина. Друга нова функција е Autobahn асистенот за метеж, кој може да забрза, да ги активира сопирачките и да го направи автомобилот целосно низ патиштатасо многу ленти со добро маркирање на лентите за движење.

Корисни системи како што се предупредување за излегување од лентата, предупредување за брзина со препознавање на патни знаци и асистент на сопирачки за итни случаи со препознавање на пешаци се веќе достапни во верзијата Zen на основното ниво. Како дополнување кон Intens и Initiale Paris се додадени асистентот за автопати и метеж, динамичното управување на сите тркала 4Control и системот за предупредување на попречно движење.

Списокот на цените во Германија почнува од 34.200 евра за Grandtour Zen со основниот мотор TCe 160. За опремата на Intens, Renault бара од 36.250 евра за седанот и 37.250 евра за Grandtour, секој со мотор на бензин во основното ниво. Топ верзијата Initiale Paris се нуди од 44.450 евра за Grandtour TCe 160 и 46.250 евра за седан со мотор TCe 225.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK