Renault Captur ја доби втората генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Преку официјално соопштение за медиумите, францускиот производител Renault и официјално го откри изгледот на новата, втора генерација од моделот Captur.

Овој модел се темели на CMF-B платформата која припаѓа на семејството на CMF платформи развиени од страна на Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. При тоа CMF-B платформата е искористена и кај новата генерација на Renault Clio, а истата овозможува и електричен погон.

Во поглед на дизајнот очекувањата се исполнети. Истиот е инспириран од последните модели на Renault. Така предните светла потсетуваат на светлата од новата генерација на Renault Clio. Маската е идентична како и кај претходната генерација од Captur, со мали естетски измени. Исклучок се задните светла кои се во C формата кои претходно не се применети кај некои од моделите на француските производител.

Renault Captur

Во понудата доаѓа со моторите од актуелната, прва генерација. Тоа значи дека достапен ќе биде во три бензински мотори со систем за директно вбризгување со распон на моќноста од 106 до 114 КС (во зависност од кубикажата која се движи од 1.5 до 2.0 цц3).

Тука е и единствениот 1.5 литарски дизелски мотор кој ќе биде достапен на одредени региони, а кој продуцира 110 КС.

Идентична е и внатрешноста каде доаѓа со неколку повеќе измени, повеќе пространост и централно поставениот 9.3 инчен екран. Тука е и 7 до 10 инчниот (во зависност од нивото на опременост) екран кој ги заменува традиционалните аналогни инструменти.

Renault Captur

Засега нема информации кога и официјално ќе влезе во производство, а е потврдено дека ќе се произведува само во Ваљадолид (Шпанија) и Вуан (Кина).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK