Првпат „фатен“ новиот Audi A1

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Audi A1 на пазарот треба да се појави во 2018 година, но за да биде подготвен тогаш потребно е подолг период на тестирање. Иако се зборува за замена на сегашниот модел, сега првпат се појавуваат и папарацо фотографии на овој модел.

Тестниот модел е замаскиран со цел да неможе да се забележат новините што се подготвуваат. Во моментов се подготвува втората генерација на моделот, а се тестира во Скандинавија од каде доаѓаат овие фотки.

2019-audi-a1-spy-photo-1

Она што на прв поглед може да се забележи е дека Audi ќе игра на сигурно со дизајнот без премногу радикални линии. Веројатно радикалните работи треба да дојдат под каросеријата, во внатрешноста, но и под поклопецот на моторот.

Сепак некои работи може да се забележат иако возилото е добро камуфлирано. Страничните ретровизори се поместени и сега се повисоко поставени веднаш до А столбот. Линијата на прозорот е сменета и поаголеста е на задните врати, а изгледа дека недостасуваат третиот ред на прозори, иако можеби истите се добро скриени.
Задните светла е малку пошироки од порано, како и единечната маска на предниот дел.
Тестниот модел има пад халогенски светла, но поверојатно е дека Audi ќе понуди во следната генерација на А1 ЛЕД светла. Исто така се верува дека наместо повеќе внимание да се посвети на верзиите со три врати, следната генерација на А1 ќе биде попрактична и со пет врати.

2019-audi-a1-spy-photo-3

Се очекува повеќе промени да има во внатрешноста на кабината, со цел да се покаже местото на A1 во овој сегмен на супер мини возила. Би требало да има „помека“ пластика, и повеќе новини во однос на дигиталните иснтрументи, па и напреден MMI инфотаментен систем кој треба да биде дел од пакетот.

За оваа втора генерација на A1 ќе се користи кратка адаптација на MQB платформата и ќе се ниди со мотори со три и четири цилиндри со бензински и дизелски турбо.
Основен модел би требало да биде 1.0 литарскиот, а ќе има и S1 верзија. Ако сакате поштедлива верзија и поефикасна тогаш ќе го чекате плаг ин моделот, но засега нема ниту шпекулација со кој мотор би одела таа верзија.

Бидејќи се работи за моделска 2019, овој автомобил се очекува на пазарот во втората половина на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK