Први видеа од новиот Citroen C4

ОБЈАВЕНО НА:

Редакциите на AutoExpress, CarBuyer, What Car?, Driving Elekctric и Parkers имаа можност да бидат првите кои се запознаа со новата генерација на моделот C4 објавувајќи ги при тоа првите видеа за овој автомобил.

Во видео презентациите се прикажани естетските детали обрнувајќи големо внимание на надворешноста и внатрешноста.

Од претходно е познато дека овој модел доаѓа во понудата со пет бензински и два дизелски мотори како и електрична изведба со електричен мотор од 50 kWh и батерија од 400V.

Новиот C4 веќе на почетокот ќе се нуди во верзии со бензин и дизел, и со целосно електричен погон, задоволувајќи ги барањата на сите купувачи. Должината на новиот C4 изнесува 4.360 мм, додека пак ширината 1.800 мм, а висината е 1,525 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.670 мм. За споредба, со неговиот претходник сегашниот модел е пораснат.

Citroen C4 ќе биде достапен со 31 надворешни комбинаци на бои. Моделот доаѓа со широка хоризонтална табла, создавајќи ефект на завиткување.

Повеќе за овој модел можете да прочитате ТУКА.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK