Први фотографии од внатрешноста на новата Skoda Fabia

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda продолжува да ја загрева публиката за премиерата на целосно новата генерација на Fabia, и сега понуди фотографија која го открива изгледот на внатрешноста на возилото.

За четвртата генерација на Fabia, од компанијата велат дека ентериерот ќе понуди значителни подобрувања во однос на просторот, новите бои и материјали, како и низа иновативни технологии. Интересен акцент во внатрешноста на новата генерација на моделот е решението за дополнително стилизирано лого на Fabia веднаш до таблата со инструменти.

Новата Skoda Fabia која ќе ја има својата светска премиера следниот месец, добива голем и висок централен екран на инфо-комуникацискиот и мултимедијален систем и дигиталниот Virtual Cocpit.

Што се однесува до дизајнот, od Skoda коментираaaт дека новата Fabia ќе ја има најдобрата аеродинамика во својата класа (0,28 cd), што, во комбинација со специјално оптимизираните тркала на автомобилот, дополнително ќе придонесе за подобрување на економичноста на горивото и еколошката чистота на моторите.

Четвртата генерација на Fabia е развиена на платформата MQB-A0, како резултат на што должината на автомобилот е зголемена за дури 110 мм. на вкупно 4107 мм., меѓуоскиното растојание на автомобилот е зголемено за импресивни 94 мм до 2564 мм, а ширината добива +48 мм до 1780 мм.

Како резултат на тоа, идните сопственици на Skoda Fabia ќе можат да се потпрат не само на значително поголем внатрешен простор, туку и на товарниот простор со капацитет од 380 литри.

Ќе бидат вклучува пет понуди на мотори, од кои основен ќе биде трицилиндричен, еднолитарски мотор со 65 и 80 коњски сили во комбинација со петстепен мануелен менувач. Следниот ќе биде еднолитарскиот TSI турбо-агрегат со 95 и 110 коњски сили, а врвната верзија на Fabia ќе има 1,5 литарски TSI единица со 150 коњски сили и 7-брзински DSG роботски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK