Први фотографии од новиот Peugeot 308

ОБЈАВЕНО НА:

По цели седум години, францускиот прозивдоител Peugeot го потврди доаѓањето на новата генерација на моделот 308. Тоа ќе се случи следната година, а во меѓувреме се појавија бројни рендери.

Сега официјално на интернет се појави и првата фотографија од новата генерација. Иако целосно маскирана, според формата, новата 308 треба да го има дизајнот кој претходно го објави германски AutoBild.

Тоа значи дека ќе ја следи филозофијата во поглед на дизајнот кој е применета кај малиот 208 и SUV моделот 2008 која пак потекнува од новата 508-ца прикажана пред некоја година.

Од претходно е и познато дека третата генерација на 308 ќе се темели на EMP2 (Efficient Modular Platform) платформата. Должината на оваа генерација ќе изнесува 4,330 см што претставува 8 см повеќе од актуелната втора генерација. Меѓуоскиното растојание ќе нарасне и ќе изнесува 2,621 см.

Во однос на моторите централно место се очекува да заземе 1.5 литарскиот дизелски BlueHDi мотор. Во понудата ќе бидат и неколку бензински мотори, а во 2021 година се очекува да биде претставена и plug-in хибридната изведба од овој модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK