Први фотографии од BMW X7 и патентираните елементи (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Патентните фотографии од BMW Х7 покажуваат каква ќе биде финалната верзија на огромниот луксузен СУВ. Компјутерските скици доаѓаат од бразилското патентно биро и делуваат изненадувачки.

Фотографиите покажуваат дека моделот ќе зачува голем дел од дизајнерските елементи на концептот Х7, кој беше виден и порано во текот на оваа година. Во тој дел се и масивните „бубрези“ – отворите на решетката на ладилникот за снабдување на моторот со воздух. Впечаток оставаат и доста големите фарови, кои користат ласерска технологија.

Во меѓувреме, целосно немаскиран прототип на моделот беше уловен во Германија за време на тестирања. Предсериското производство на BMW X7 веќе е почнато, а иако овој податок не значи ништо за крајниот корисник, сепак, Германците велат дека првиот прототип за тестирања е веќе симнат од производствената линија и е готов за испитување.

Должината ќе остане 5,25 метри, што го прави поголем од сите конкуренти со исклучок на американските Infiniti QX80 и продолжената верзија на Cadillac Escalade ESV.

Овој џип ќе биде и најлуксузниот од баварскиот бренд, кој најверојатно ќе се позиционира дури и над 7-Series. BMW X7 ќе биде со седум седишта, додека топ верзијата ќе биде со четири места, а задните ќе бидат претворени во бизнис кревет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK