Први детали од изгледот на новиот Volkswagen Touareg (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Пекинг ќе биде местото каде што новиот Touareg од компанијата Volkswagen ќе го има своето деби, а полека се појавуваат на сцената детали за ова возило. На снимката може да се види светодиодната техника на кросоверот, како и елементи од екстериерот и од ентериерот.

Новата генерација на Volkswagen Touareg ќе биде склопувана на платформата MLB Evo, на која се прават Audi Q7, Bentley Bentayaga и Lamborghini Urus.

СУВ возилото ќе располага со суспензија на гумите. Во салонот ќе се појави 12-инчен панел и 15-инчен централен дисплеј. Новиот Touareg ќе се нуди со матрична LED-оптика, која ќе се состои од 150 светодиодни елементи.

Во гамата мотори на Touareg ќе влезат бензински и дизел мотори со работен обем од 2 и 3 литри со турбини. Подоцна ќе може да се појави и помоќна верзија R, која е можно да биде придвижувана од V6 мотор или 2,5-литарски  5-цилиндричен мотор од Audi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK