Volkswagen со први фотографии на новото Caddy (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако го објави како концепциски автомобил, Volkswagen ги рашири првите официјални фотографии и дополнителни информации за новата генерација на хитот на брендот, мултифункционалниот модел Caddy.

Новото Caddy ќе се најде на пазатот после повеќе од три милиони реализирани примероци од претходните четири генерации. Првата беше развиена на база на модулната MQB (Modular Transverse Matrix) на Volkswagen Group.

Од Volkswagen споделуваат дека новото Caddy е подигитално, поефективно и похаризматично од кога и да било, а во исто време ветува и поголем простор во внатрешноста, а во тоа е вклучена и можноста за транспортирање на две Евро палети.

Благодарение на Innovision Cockpit оформувањето на предната табла и борд системите, новото Caddy ветува непречена побрзаност со мобилен телефон, а оттаму и сите поврзани придобивки. Безбедноста пак е пренесена на ново ниво со вкупно 19 нови или обновени системи за асистирање на патот.

Дополнителната удобност и функционалност се постигнати со воведување во портфолиото на Caddy на можност за порачување на електрично управување на лизгачки врати и тие на багажникот, панорамски стаклен таван со површина од 1,4 метри квадратни над првиот и вториот ред седишта, нови диодни предни и задни светлосни модули и други.

Новото Caddy ќе дебитира во три основни верзии со предзнакот „ван“, патнички и многуфункционален и на три нивоа на изведба: Caddy, Life и Style. Понудата на мотори го вклучува дизеловиот TDI (twin dosing), мотори со моќност од 75 до 122 коњски сили, бензиновиот TSI со 116 коњски сили и TGI варијанта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK