Volkswagen прима нарачки за новиот Golf Variant

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку дена после светската премиера за новата генерација на Golf Variant, Volkswagen објави дека компанијата веќе прима нарачките за купување на новото комби.

Новата генерација на Volkswagen Golf Variant, која ветува да биде уште подинамична, дигитализирана и многупрофилна, стапува на пазарот со цена од 28.566 евра за модификацијата Golf Variant 2.0 TDI со 115 коњски сили.

Со побогата стандардна и дополнителна опрема, новиот Golf Variant е со должина од 4.633мм, а растојанието меѓу оските е 2.686 мм, што претставува зголемување од 66мм во споредба со претходната еволуција на комбито. Возачот и патниците можат да сметаат на поголем простор, а во конкретни бројки просторот за ноете е за 48мм поголем. Товарот, кој може да биде собран во багажникот до работ од задните седишта е со обем од 611 литри, а при спуштени задни седишта и позиционирање на багажот до таван, капацитетот на автомобилот се зголемува до 1.642 литри (+22 литри).

Основната верзија на Golf Variant може да биде надградена со уште три нивоа на опрема: Life, Style и R-Line, но независно од изборот кој ќе биде направат идните сопственици на комбито, тие може да сметаат на системо за задржување на возилото во лентата, автоматско активирање на системот за запирање при опасност од удар и при движење со ниски брзини, систем за распознавање на пешаци, систем за пристап во внатрешноста без клуч и стартување на моторот со копче, Digital Cockpit Pro, Air Care Climatronic климатизација и други.

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK