Volkswagen ги раскажа плановите за 2018 година на филм (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen одлучи на интересен начин да ги претстави своите планови за 2018 година, а тоа го направи со видео клип кој наликува на филм. Од она што може да се забележи се очекуваат големи работи во неколку сегменти, од брзи градски возила преку кросовери, па сè до потполно електрични тркачки автомобили.

Првата поголема работа која треба да се случи е во сегментот СУВ, каде ќе биде претставена потполно нова, трета, генерација на моделот Touareg. Се очекува да биде претставен на саемот за автомобили во Пекинг во април.

Овој модел е базиран на концепт моделот T-Prime GTE и ќе изгледа значително подинамично од своите претходници.

После тоа ќе следуваат премиери на новите генерации на моделите Jetta i T-Cross, а потоа и преставувањето на новиот ID модел и потполно електричниот тркачки автомобил кој е конструиран за да се натпреварува на „Pikes Peak International Hill Climb“ во Колорадо.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK