Вака може да изгледа новата генерација на Mercedes S класа (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави првиот видео рендер од новата генерација на мерседесовата S класа.

Старата, актуелна генерација од оваа класа датира уште од 2014 година, а новата која го доби кодното име W223 треба да дојде во текот на следната година.

Во претходните неколку месеци беа објавени неколку шпиунски фотографии од маскираната S класа за време на тестирањето, меѓутоа не може многу јасно да се види екстериерот.

Од видеото може да се види дека потенцијалниот изглед ја има актуелната дизајнерска филозофија која е применета и кај останатите модели на Mercedes, особено оние од последната генерација.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK