Целосно новата Elantra на Hyundai (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот одделна Hyundai објави информација за целосно новата генерација (моделна генерација 2021 година) на хит моделот за брендот Elantra. Седмата генерација на автомобилот дебитираше во две основно верзии со стандарден погон и првпат со хибриден погонски систем, со дизајн од целосно новата стајлинг линија Sensuous Sportiness и поголем број на иновациско технолошки новини.

Со дизајн на купе со четири врати, Hyundai Elantra 2021, која ќе биде пуштена во производство во текот на оваа есен е првиот автомобил во својот сегмент, кој нуди  безжична синхронизација на борд системот со мобилен телефон преку Apple CarPlay и Android Auto, иновациски Hyundai Digital Key и други.

Во споредба со актуелната верзија на Elantra, новата ќе дебитира со подолго растојание меѓу оските за поголем простор во внатрешноста и пониска линија на таванот. Пристапот, стартувањето и употребата на возилото се можни преку специјалниот нов дигитален систем, Digital Key, кој функционира со посредство на NFC технологија и е изводлив преку мобилен телефон или специјална NFC картичка.

Основниот акцент во ентериерот на Elantra 2021 се двата достапни 10,25 инчни екрани на инструменталниот блок и на борд инфо-комуникацискиот и мултимедискиот систем, кои се наоѓаат под стакло, амбиентен систем за индиректно осветлување со 64 бои, уникатен распоред на воланот и рачките на вратите и друго.

Првпат во историјата на Elantra, од Hyundai предлагаат модел во хибридна верзија. Автомобилот се напојува со помош на 1.6-литарски мотор со четири цилиндри, електромотор со моќност од 44 коњски сили и литиум-јонска батерија, позиционирана под задните седишта. Вкупната максимална моќност на погонскиот систем е 140 коњски сили, а та овозможува и движење во чист електричен режим.