Tоyоtа има ново мини RАV4

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет веќе се појавија првите најави за новата субкомпактна Tоyоtа. Таа се нарекува Rаizе, а претставува мал кросовер и е позиционирана под популарното на овие простори СH-R. Моделот ќе се нуди на пазарите во Азија и во Јужна Америка.

Премиерата на автомобилот ќе биде одржана на 5 ноември, а судејќи според фотографиите дизајнот се одржува во стилот на новата Tоyоtа RАV4. За погонот на Rаizе ќе одговара трицилиндричен бензинец со еднолитарски турбомотор и моќност од 98 коњски сили.

Во основната верзија ќе биде со пренос само на предните тркала, а со доплаќање ќе има можност и за 4х4 варијанта.

На практика, новата Tоyоtа Rаizе e слична на Dаihаtsu Rосky, кој беше претставен минатата недела. Cо Rосky иновацијата од Tоyоtа ја дели не само платформата GА-B, туку и основниот мотор и сите други делови и агрегати.

Размерите на двата кросовери се еднакви бидејќи разликата е обично во предниот дел на автомобилите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK