Тизер за новото Audi A8 и како тоа самото паркира (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Audi се очекува наскоро да го покаже новиот А8, а компанијата објави тизер видео во кое се гледа дел од внатрешноста, но и автономното паркирање на возилото, што се активира со притисок на копче на клучот.

Почнувајќи во внатрешноста, може да се види дека A8 ќе биде опремено со нов волан, кластер на дигитални инструменти и инструмент табла која е впечатлива. Возилото има и стилски тапацир на вратите со делови од дрво, алуминиимски украси и хромирани држачи.

Видеото покажува само мал дел од надворешноста, но јасно е дека овој седан има тенки фарови и широка решетка кој црпи инспирација од концепт Prologue. Од позади има интегриран заден спојлер и уникатен задните светла кои се поврзани со мала лента која се протега по целата широчина на автомобилот.

Новиот Audi A8 треба да биде претставен на 11 јули на специјален настан во Барселона. Производителот веќе потврди дека возилото ќе биде опремено со 48 волтен лесен хибриден систем што треба да ја намали потрошувачката за 0,7 литри на 100 км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK