Стартуваше производството на Swift 2020 во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Фејслифтот на Suzuki Swift стартуваше со производство во Јапонија. Новиот малечок хечбек има почетна цена од 1.535.600 јени што е близу 13.000 евра, а тоа е цена на домашниот пазар на компанијата.

Новиот фејслифт на Swift се одликува со освежен надворешен дизајн, но како и стариот модел има два нови различни дизајни на предната решетка, два дизајни на браникот, но исто како и оние на стариот модел има две опции од летните тркала, а спортскиот е со слој во два тона. Suzuki нуди лифтинг на Swift со две нови опции за боја со две бои: Flame Orange Pearl металик со црн покрив и Rush Yellow металик со сребрен покрив.

Одвнатре има подобрен 4,2-инчен MID, кој за разлика од стариот автомобил, покажува и брзина. Нов е и 360 степениот монитор со поглед околу автомобилот за полесно паркирање.

Пренесени од сегашниот модел се 1.2-литарскиот N/A четирицилиндричен бензинов мотор K12C (91 коњска сила/118 Нм) кој е стандард во Suzuki Swift 2020. Исто така и во стариод модел има опции со мек бихрид и целосен хибрид. Во варијантата на мек бибрид има електричен мотор WA05A (3,1 коњска сили/50 Нм) за помош на моторите, додека во целосната хибридна варијанта има помошен електромотор PB05A (13,6 коњски сили/30 Нм) со иста цел. И двете имаат литиум-јонски батерии, но при вториот е помала и со повисок капацитет.

Бензинците и бензин-електричните мекохибридни конфигурации можат да бидат со пет степен мануелен менанувач или варијација  CVT. При изборот на CVT има опција и за целоснен погон – 4WD систем. Целосната бензинова конфигурација се нуди само со пет степен автоматски менувач АМТ и не може да биде со целосен погон 4WD.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK