Се појавија првите фотки од новиот караван на BMW 3

ОБЈАВЕНО НА:

Сајтот Germancarforum ги публикуваше првите официјални фотографии од BMW 3 Touring G21. Седанот беше претставен во октомври минатата година, но баварците се уште го немаат укинато информативното ембарго за караванот

Новиот BMW 3 Touring се разликува од неговиот претходник, главно по линијата на прозорците, која се издига лесно кон задната линија на покривот и не поминува хоризонтално по должина на каросеријата. Постои и мал спојлер на петтата врата.

Официјалната информација недостига во моментов, но се очекува караванот да биде опремен со истите мотори како и седанот. Во моментов се нуди со мотори со моќност од 184 до 265 коњски сили. Во понудата има и хибрид со ознака 330е, кој може да патува до 60 километри исклучиво во струен режим.

До појавата на M3 врвната верзија ќе биде M340i со турбо мотор со шестстепен менувач со 387 коњски сили и M-диференцијал. Најмоќната тројка забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,4 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK