Русите се сериозни: Сериска изведба на Lada X-Ray Cross

ОБЈАВЕНО НА:

Уште еден новитет пристигнува на саемот за автомобили во Москва. Станува збор за сериската изведба на Lada X-Ray Cross која по концептот премиерно ќе биде претставена и продукциската изведба.

Ова е првиот автомобил со кои Lada драстично ја менува дизајнерската филозофија и го напушта класичниот дизајн кој се практикува уште од времето на Советскиот период. Првата разлика во однос на стандардната X-Ray се огледа во додатните заштитни елементи на екстериерот, странични, предни и задни кои се изработени од цврста пластика. Овие пластики како и новите гуми придонесуваат за off-road карактер на овој модел.

Lada Xray Cross

Разлики има и во однос на димензиите. Така cross изведбата е подолга за 6 мм и има за 75 мм поголем клиренс. Во стандардната опрема има и кровни носачи, а сето тоа придонесува за зголемена тежина од 50 кг. со што вкупната тежина изнесува 1.300 кг.

Во внатрешноста нема многу новитети освен предните седишта кои добиваат греење и се редизајнирани. Тука е и дополнителниот простор за патниците на задната клупа кој е зголемен за 25 мм.

Lada Xray Cross

Под хаубата оваа изведба доаѓа со 1.8 литарскиот бензински мотор со 122 КС, заедно 5 степениот мануелен менувач. До 100 км/ч забрзува за 10.9 секунди додека максималната брзина коај може да ја постигне изнесува 180 км/ч.

По премиерата се очекува да биде позната и почетната цена како и точниот датум на продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK