Прв поглед кон ентериерот на новиот Mercedes-AMG SL

ОБЈАВЕНО НА:

Спортскиот оддел на Mercedes-Benz, AMG, ги прошири првите фотографии од внатрешноста на новиот Mercedes-AMG SL. Од компанијата коментираат дека во внатрешноста на спортскиот модел се искористени само висококвалитетни материјали, склопката е на врвно ниво, а технологиите се најдобри, нови и иновациски што ги имаат, со кои располагаат, а тука се и прилагодливиот дисплеј и централната конзола.

„Внатрешноста на новиот Mercedes-AMG SL ги разгалува возачот и патниците со извонреден луксуз. Новиот SL ги комбинира највисокот ниво на удобност и квалитет во својот ентериер, во комбинација со точното количество на спорт“, вели Филип Шимер, претседател на управниот борд на Mercedes-AMG GmbH.

Од Mercedes-AMG GmbH обраќаат повеќе внимание на тоа дека задните седишта на новиот SL ја подобруваат дневната прилагодливост на моделот, со тоа што нудат можност за седење на луѓето со висина до 1,5 метар.

Mercedes-AMG SL внатрешност

Внатрешноста на новиот Mercedes-AMG SL ги разгалува возачот и патниците со извонреден луксуз. Новиот SL ги комбинира највисокот ниво на удобност и квалитет во својот ентериер, во комбинација со точното количество на спорт

Новиот Mercedes-AMG SL ќе се нуди со можност за порачка на проекцискиот (head-up) екран, кој ќе му дава можност на возачот да избира меѓу неколку различни интерфејси на информациите што му ги доставуваат.

Кон средината на март годинава од Mercedes-AMG објавија дека голем дел од развојот на новиот СЛ  e извршен со употреба на компјутерски симулации и тестови. Сепак, автомобилот нема како да биде реализиран успешно без соодветните тестови во реални услови, вклучителни и екстремните.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK