Промоција на Cupra Born: Поагресивен и помоќен VW ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

Изминатите месеци од Cupra ни открија речиси сè во врска со нивниот прв целосно електричен модел, поради што компанијата сега и официјално го претстави моделот. Автомобилот е базиран на Volkswagen ID.3 и тоа јасно се гледа во страничната линија, која е идентична со онаа на германскиот автомобил. Сепак, предниот дел е сосема поинаков, бидејќи гледаме нови фарови, поостри линии и големи отвори во долниот дел на браникот, кои всушност се лажни.

Странично може да се забележат поголеми тркала со акцент на аеродинамиката, различни прагови и некои украси на Ц-колоната.

Задниот дел изгледа на типична Cupra, како што може да се видат напишано со бронзено името на марката, како и задните светла, кои се поврзани. Агресијата е надополнета со дифузер во долниот дел, што повеќе личи на визуелна отколку на техничка функција.

Што се однесува до погонот, тој е само на задните тркала, бидејќи во најмоќната верзија имате 204 коњски сили, што овозможува забрзување за 7,3 секунди. Батеријата има капацитет од 58 kWh и обезбедува 418 КМ со едно полнење. Интересно тука е што Cupra ќе понуди пакет e-Boost, кој ќе обезбеди моќност од 228 коњски сили со притисок од копчe на управувачот и спринт за 6,6 секунди.

Кај послабата верзија со 148 КС, забрзувањето до 100 км на час трае 8,9 секунди, а батеријата со капацитет од 45 kWh е доволна за 340 км. Cupra очекува да започне со производство во септември во фабриката на VW во Цвикау.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK