Премиерата на Rolls-Royce Cullinan е на 10 мај

ОБЈАВЕНО НА:

Луксузниот бренд Rolls-Royce објави дека новиот Cullinan доаѓа на 10 мај кога е и закажана светската премиера. Иако изгледот на серискиот модел се уште не е обелоденет, она што се знае е дека екстериерот на Cullinan ќе ја следи дизајнерската филозофија применета како и кај Phantom што значи дека напред ќе ја има онаа препознатлива предна маска со стакнати решетки споени со правоаголните фарови.

Доста префинетиот екстериер е комбиниран со ултра луксузен ентериер составен од премиум класа на кожа, дрвен под и метални елементи што се на се имаат за цел да го потенцираат невообичаениот и луксузен ентериер. Секако тука е и дигиталната инструментална табла која има за цел да ја потенцира напредната технологија која е вградена во овој SUV.

Под хаубата веќе е познато дека ќе располага со 6.75 литарскиот V12 мотор кој впрочем е и составен дел од понудата кај Phantom. Со овој агрегат, Cullinan ќе располага со 563 КС што секако дека е импресивна бројка.

Cullinan кој ќе биде првиот SUV во понудата на британскиот производител ќе биде директен конкурент на Bentley Bentayga и Lamborghini Urus, а од BMW групацијата под чија капа функционира се надевааат дека ќе успеат да добијат дел од продажнито колач во сегментот на ултра луксузни SUV возила.

Oвој модел ќе биде шесттиот модел на британскиот производител кој во понудата ги има уште ултра луксузните Phantom, Dawn, Wraith, Ghost и Black Badge.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK