Последните подготовки на PSA околу новата генерација на Peugeot Partner се во завршна фаза, и сега лесното комерцијално возило веќе се тестира камуфлирано на улиците. Ова е првпат да се види новата генерација на моделот што треба да биде официјално промовиран до крајот на годината.
Новиот Peugeot Partner ќе ја користи истата платформа како и Citroen Berlingo и Opel Combo, a сите модели ќе се произведуваат во фабриката на PSA во Виго, Шпанија.
Новата генерација се очекува да порасне во димензии за да понуди повеќе простор и места за товарање, но и многу други места за оставање дребулии, а токму во овој дел сегашниот модел заостануваше зад конкуренцијата. Уште од порано PSA и Opel објавија дека сите нови модели ќе бидат различни и ќе се потпираат на нивното препознатливо појавување.
Се очекува во иднина во моделот да има и бројни системи за помош на возачот, и различни мотори, бензински и дизелски.
Продажбата на новата генерација на лесно доставни возила треба да биде на почетокот на 2018 година.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)