Peugeot ја обнови и 5008 – стандардно и со 7 седишта (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Само еден ден после објавувањето на обновената верзија на 3008, Peugeot откри и детали за новото 5008, од чие лансирање во 2017 година досега има реализирани повеќе од 300.000 примероци.

Основните промени кај Peugeot 5008 се поврзани со новата верзија на предниот дел на СУВ моделот, новите целосно диодни задни светла, нови варијанти на боја однадвор и нова опција Black Pack.

Во однос на ентериерот тука се открива најновото од светот на брендот од Франција, како во однос на удобноста, така и на безбедноста, последната еволуција на Peugeot i-Cockpit, а новот е 10 инчниот HD чувствителен на допир централен екран, комбиниран со 12,3 инчен инструментален панел со можност за конфигурирање на дадената информација.

Во опремата на обновеното Peugeot 5008 можат да бидат откриени ред високотехнолошки системи за зголемување на безбедноста, а притоа тука се системот за ноќна видливост, адаптивниот круз контрол со функција за автоматско намалување на брзината до целосно запирање и ново стартување, систем за позициониање на автомобилот на патот, систем за автоматско активирање на системот за запирање (функционира од 5 до 140 км/ч) и други.

Понудата на мотори за 5008 вклучува три и четирицилиндрични PureTech бензин мотори со моќност од 130 и 180 коњски сили, како и два дизел BlueHDi со 130 (1.5-литарски) и 180 коњски сили (2.0-литарски).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK