Откриен новиот Suzuki Jimny

ОБЈАВЕНО НА:

Шпионски фотографии кои доаѓаат од фабриката на Suzuki во Индија го откриваат во целост изгледот на новата генерација на легендарнио Jimny.

Помалку налик на Jeep особено во предната маска како и G класата на Mercedes, пред се во страничниот и заден дел како и рачките за отворање на вратите, овој SUV на Suzuki не го напушта веќе познатиот дизајнерски концепт кога е во прашање ова возила. Ова може да се заклучи од неколкуте фотографии како и видеото што се појави на интернет.

Во внатрешоста доминира тврдо изработената пластика, а во централниот дел се наоѓа новиот инфотајмен дисплеј осетлив на допир кој помалку наликува на истиот оној применет во новата генерација на Suzuki Swift. За разлика од претходната генерација, новата генерација овозможува широска персонализација на внатрешноста особено во поглед на опремата. Кога сме кај опремата, од она што може да се види од единствената фотографија, новиот Jimny ќе располага со автоматска клима, команди на воланот, како и бројни аксесоари.

Иако нема официјална потврда, сепак во понудата овој мал SUV на јапонскиот производител доаѓа со 1.2 литарски и 1.0 литарски Boosterjet три цилиндрен мотор што за разлика од својот претходник се нуди во доста ограничена понуда на мотори.

Новиот Jimny својата саемска премиера се очекува да ја има на саемот во Токио закажан за средината на октомври оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK