И официјално претставен McLaren GT

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и претходно најави, британскиот производител McLaren и официјално го претстави новиот модел GT (Grand Tourer). Како конкурент на Аston Martin DB11, Ferrari Portofino и Porsche 911 Turbo S овој автомобил доаѓа со 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор кој продуцира 620 КС и 630 Nm вртежен момент. Доаѓа во комбинација со седум степен SSG менувач.

Со овој мотор до 100 км/ч забрзува за само 3.2 секудни, а до 200 км/ч за речиси 9 секунди. Максималната брзина која ја постигнува изнесува 326 км/ч.

McLaren GT

Во внатрешноста доминира 12.3 инчниот TFT екран. Тука е и двозонската автоматска клима, луксузните седишта со Nappa кожа, напреден инфотејнмент систем, Bowers&Wilkins аудио системот со 12 звучници… Она што треба да се напомене е импресивниот багажен простор од 450 литри и со дополнителни 150 литри во предниот дел.

McLaren GT

Во производство ќе влезе кон крајот на ова лето, а веќе кон крајот на оваа есен ќе бидат испорачани и првите примероци. Се очекува продажната цена да изнесува околу 170 илјади евра.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK