Официјални фотографии на новиот Kia Ceed

ОБЈАВЕНО НА:

Kia ги покажа на интернет сликите на новата генерација на популарниот Ceed, што ќе дебитира на Саемот за автомобили во Женева следниот месец. Втората генерација на моделот се покажа како пазарен хит со над 640.000 продадени автомобили а корејскиот модел се покажа како сериозен ривал на VW Golf, Renault Megane и Ford Focus во Европа, а во Kia се надеваат дека тоа ќе продолжи.

На прво место, од името на Ceed исчезнал префинети апостроф (Cee’d досега), а името на моделот веќе е кратенка – Community of Europe, with European Design.

Дизајнот на новиот Ceеd е еволуција на претходниот модел, а предната решетка е задржана, а дизајнот на автомобилот е дополнет со некои агресивни елементи – како отвори за воздух со дополнителни фарови во предните браници.

Од Kia тврдат дека новиот Ceed и нуди на клиентите нај ергономски и квалитетен ентериер во историјата на моделот, а автоматското активирање на светлата и пристапот до колата без употреба на клуч веќе се дел од сериската опрема.

Во Kia Ceed има технологија за автономно движење од второ ниво, што значи асистенција за зачувување на лентата на движење и активен круз контрол.

Основен мотор за новиот Ceed ќе биде 1-литарски 3-цилиндричен бензински турбо мотор со 118 КС, но ќе се нуди и 1.4-литарски атмосферски со 99 КС. Овде че биде и 1.4-литарски бензински мотор со турбо со 138 КС. Дизел мотор е еден, но е целосно нов – со зафатнина од 1,6 литри и две варијанти на моќност – 113 и 134 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK