Новиот Peugeot 308 пристига во 2020 година во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Peugeot 308 би требало да пристигне на пазарот за две години, а тој ќе биде голема конкуренција на Golf VIII. Во слични димензии ќе биде многу поатрактивен, попростран, поцврст и во исто време и полесен, а со бензинците и дизел возилата од 100 до 200 коњски сили и plug-in хибридите ќе биде полетен и штедлив.

Иако Peugeot 308 е од втората генерација, при крајот на петтата пазарна година, во полна сила на големо се подготвува неговиот наследник. Моделот од третата генерација би требало да биде ѕвезда на саемот во Париз во октомври во 2020 година, а ќе биде изработен на платформата EMP2 (Efficient Modular Platform). За потсетувањет, таа платформа во октомври 2013 година беше воведена од актуелната 308-ка. Инаку, третиот Peugeot 308 ќе биде технолошки близнак на Оpel Astra, која се развива паралелно.

Новата верзија е благо продолжена на близу 430 сантиметри и проширена на 184 сантиметри. Новиот 308 ќе добие и растојание меѓу оските кое е продолжено до 265 сантиметри. Коефициентот на отпорот на воздухот ќе биде намален, на за компактната класа рекордни 0,25.  Со зголемувањето на учеството на челик од висок HTS и ултра-висока цврстина, новата Peugeot 308 ќе загуби од 30 до 40 килограми. Ќе биде одлична за динамикаи штедење и ќе овозможи исполнување на еколошките норми EU6d, кои стапуваат на сила во септември во 2021 година.

Ќе користи веќе проверени турбо бензинци, 3-цилиндарски 1.2 PureTech и 4-цилиндарски 1.6 THP, како и 4-цилиндарски турбо дизели 1.5 BlueHDi и 2.0 BlueHDi, од 100 до 200 коњски сили. Посебно ќе бидат интересни plug-in хибридните верзии: GT со турбо бензинец 1.6 THP и електромотор напред со комбинирана сила од 250 коњски сили, како и GTi, кој ќе има и втор електромотор позади. Ќе располага со цели 300 коњски сили со погон 4×4.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK