Новата Toyota Century ќе чини 150.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota ја објави цената за нивниот најлуксузен автомобил, Century. Јапонскиот Rolls-Royce како што е прекарот на овој автомобил изобилува со луксуз и комфорт и за основниот модел ќе треба да издвоите 19,600,000 јапонски јени односно речиси 150.000 евра.

Новата генерација која беше премиерно претставена минатиот октомври во рамките на саемот за автомобили во Токио е уште полуксузна и попространа од претходната генерација.

Кабината е опремена со аудио систем со 20 звучници распоредени по целата внатрешност на возилата, надворешна звучна изолација, покомфорни седишта и слично. Под хаубата се наоѓа 5 литарскио V8 мотор кој располага со 376 КС.

2018 toyota century 00

За разлика од останатите модели на Toyota, овој модел ќе биде произведен само во ограничени примероци кои на годишно ниво нема да изнесуваат повеќе од 500 примероци. Поради популарноста во Јапонија, до овој модел е многу тешко да се дојде од останатите земји.

Првата генерација на овој модел се појави во далечната 1967 година, две години откако Nissan ја претстави лимузината President. Овие два модели беа воведени како официјално возило на јапонските државни функционери како и кралското семејство. По 30тина години во 1997 година е воведена втората генерација на Century, а минатата година на саемот во Токио беше претставена и третата генерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK