Многу новитети од Ford: И прва кросовер верзија на КА+ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на 2018 година на пазарот ќе се појави новата верзија на компактниот модел КА+, а ова е само една од новостите кои пристигаат од Ford. Основната цена за овој автомобил, кој првпат ќе биде понуден и во кросовер верзија КА+ Active ќе биде 9.900 евра и тоа за Германија.

Според она што е во моментов познато Ford KA+ ќе се појави на пазарот со целосно новиот трицилиндричен 1,2 литров Тi-VCT бензинов мотор во верзии со 70 и 85 коњски сили. Воедно првпат во историјата на моделот ќе биде на пазарот и со економичен 1,5 литров TDCi дизел агрегат.

Вториот од моторите ќе биде со моќност од 95 коњски сили и максимален број на вртежи од 215 Hм.

Новите КА+ и КА+ Active ќе понудат и зголемена стандардна и дополнителна опрема, а главниот акцет е ставен на инфо-комуникацискиот и мултимедиски систем SYNC 3. Ќе има и нови брисачи со сензори за дожд, како и автоматски фавори.

„Минатата година Ford првпат продаде повеќе од 200.000 СУВ возила во Европа, а побарувачката на СУВ и кросовер моделите никогаш не била поголема. Годинава, нашиот нов Ford KA+ Active ќе ги направи кросоверите достапни за уште поголем број на клиенти“м велат од Ford.

Од воведувањето на моделот KA+ во 2016 година Ford успеа да продаде над 61.000 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK