Ќе има нова генерација на VW Beetle, но електрична

ОБЈАВЕНО НА:

Иако во Volkswagen почнаа да попуштаат во ставовите околу електричната иднина на возилата, сепак, требаше да поминат неколку години и да дојде Дизелгејт за да можат работите да почнат да се движат по таа насока. Во Волфсбург и во Volkswagen Group веќе се зборува за сместување на 50 електрични модели во портфолиото до 2025 година.

Дури 23 електромодели ќе бидат само од марката Volkswagen, а меѓу нив ќе бидат и две икони VW Microbus и VW Beetle. Првиот електричен VW Microbus е веќе готов, но во 2020 година доаѓа сериски електричен хечбек кој е базиран на концептот VW I.D. и SUV развиен врз база на концептот VW I.D. Crozz.
Новиот VW Beetle е целосно електричен и далеку подобар од сегашниот модел, но и поблизок до корените и затоа ќе биде со задно придвижување.

Шефот на Volkswagen, Херберт Дис, објасни дека останува во компанијата да одлучат кога точно ќе го пуштат новиот VW Beetle. Проектот оди напред, а новата кола ќе ја користи платформата MEB.
Таа платформа осигурува пристап за различните видови на придвижување: на сите тркала, предно или задно, како и доволно место за акумулаторите кои ќе осигураат движење до 600 километри со едно полнење.

Ова возило ќе има моќ од 125 kW (170 КС), електромотор во задниот дел и акумулатор на подот. Од Volkswagen зависи каков електромотор ќе биде користен, а исто така и со каков капацитет ќе биде акумулаторот. Во зависност од тоа ќе биде и максималната километража со едно полнење која ќе се движи од 400 до 600 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK