Како изгледа најмоќното сериско Pеugеоt (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Французите од Pеugеоt го претставија својот најмоќен сериски модел – 3008 GT HYBRID4. За движењето е одговно хибридна моќност, комбинација на бензинец мотор и два електромотори, монтирани на предната и на задната оска со 110 и 112 коњски сили соодветно.

На овој начин кросоверот веќе располага и со погон на сите четири тркала, а системската моќ е 300 коњски сили. Забрзувањето од место до 100 км/ч, е рамно на 6,5 секунди, а само на струја автомобилот може да помине 59 километри (спoред WLTP).

Батеријата може да се полни од битова електрична мрежа, а времето за кое се полни е 100 минути.

Најмоќното Pеugеоt e достапно и во GT-верзија, која се карактериризира со салон, тапациран со превртена кожа и со елелементи од природно дрво.

Достапен е и системот за полуавтоматско возење АDАS, кој вклучува адаптивна контрола на возењето со фунцкијата Stоp&Gо и системот за поддржување на автомобилот во определена лента од патот. Сè уште не е позната цената за најмоќниот сериски Pеugеоt.