Ibiza нуди повеќе комфот и опрема (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата Seat Ibiza конечно е претставена, а петтата генерација е на нова платформа и со повеќе технологија вградена во возилото.

Сега Seat реши да понуди само модел со пет врати, а не и модел со три врати и караван како досега.

Автомобилот е направен на новата MWB A0 платформа што дебитира во Seat Ibiza, и се очекува исто така да ја видимево новото VW Polo и Skoda Fabia. Споредено со претходникот, новата Ibiza за 95 мм. имаа подолго меѓуоскино растојание, за 87 мм. е поширока, 2 мм. пократка, и 1 мм. пониско поставена.

Зголемените димензии и даваат на Ibiza повеќе простор во кабината и за 63 литри поголем багажен простор што сега може да собере 355 литри. Понудата на мотори ќе остане веројатно речиси иста, со новиот 1,5 литарски TSI со 147 КС, што ќе дебитира заедно со трицилиндарскиот 1,0 TSI со 93 или 113 КС.

Кај моделите со помала сила на моторите ќе има петстепени менувачи, а оние помоќните ќе добијат шестстепени менувачи. Ќе има опција и за седумстепен менувач со двојно квачило.

FR спецификацијата ќе биде поспортска верзија со подинамичен изглед, и со заден спојлер, ексклузивни предни браници и внатрешност со црн текстил. Суспензијата ќе може да се „мести“ на четири различни режими: comfort, eco, sport и individual.

Кај внатрешните детали и системот за забава и поврзување ќе биде со 5 инчен или 8 инчен тач-скрин екран, безжично полнење со ГСМ засилувач, Apple Car Play, Аndroid Auto. Оние што сакаат добра звук ќе можат да нарачаат Beats300W аудио систем.

Seat истотака става на листата и многу системи за помош н авозачот вклучувајќи го и Front Assist и Adaptive Cruise Control.

Првото претставување пред јавноста Ibiza ќе ја има на саемот во Женева на почетокот на март.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK