Hyundai ја потврди спортската KONA N (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Hyundai објавија дека првиот теренец во спортското N-семејство на брендот ќе биде новата Kona N, а во опремата ќе бидат вклучени дволитарскиот турбоагрегат и осумстепен роботизиран менувач.

„Возбудени сме од тоа да ја рашириме формулата за успех која ја постигнавме со i30N и неодамна со i20 N, со еден од најпопуларните теренци на пазарот во моментов – Kona“, вели Андреас Криштоф Хофман, инаку потпретседател на одделението за маркетинг и продукти на Hyundai Motor Europe.

Тој додава дека верува во новата понуда во тоа дека истата ќе овозможи брендот да се крене на едно повисоко ниво.

Kona N

Од компанијата Hyundai објавија дека првиот теренец во спортското N-семејство на брендот ќе биде новата Kona N, а во опремата ќе бидат вклучени дволитарскиот турбоагрегат и осумстепен „Возбудени сме од тоа да ја рашириме формулата за успех која ја постигнавме со i30N и неодамна со i20 N, со еден од најпопуларните теренци на пазарот во моментов – Kona“, вели Андреас Криштоф Хофман, инаку потпретседател на одделението за маркетинг и продукти на Hyundai Motor Europe.

„Додавањето на Kona во семејството N ќе го издигне нашиот спортски бренд на ново ниво“, додава Хофман.

Без да се навлегув во детали, од Hyundai споделуваат дека исто како и другите N модели, Kona N ќе се разликува од сериската верзија со множество дополнителни специфични подобрувања и оптимизации, вклучувајќи го и системот за оптимално брзо тргнување од место (Launch Control), поемоционален звук на издувниот систем и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK