Hyundai Grandeur стана хит во Кина – има 32.000 нарачки

ОБЈАВЕНО НА:

Се чини дека Hyundai конечно успеа да ги погоди вкусовите и барањата на кинеските купувачи. Иако сеуште не е влезен во сериско производство, моделот Grandeur веќе доби над 30 илјади нарачки.

Во соопштението објавено до јавноста, Hyundai наведува дека овој модел кој е познат и под името Azera, за само 11 работни денови беше нарачан 32.179 пати што може дури и да го комплицира почетокот на проиводството.

Што се однесува до самиот автомобил тој е со должина од 4.990 мм што го прави најдолг Hyundai автомобил. При тоа во понудата, купувачите ќе може да бираат помеѓу четири мотори: 2.4 GDI, 3.0 MPi V6, 3.0 GDi V6 и 3.5 MPi.

Како врв во технолошкото достигнување на јужнокорејскиот производител Grandeur доаѓа со посоледните генерации на системи за безбедност на патниците и асистенција на возачот со што се зголемува севкупната безбедност и сигурност.

Овој модел за жал нема да биде дел од европската понуда на Hyundai, но ќе се продава во Азија и Северна Америка. Историски, овој модел за прв пат се појавува во 1986 година како ребрендиран Mitsubishi Debonair, а досега се лансирани вкупно шест генерации. Последната и актуелна датира од 2016 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK