Ferrari 488 PISTA за помалку од три секунди до 100 км на час (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Новото Ferrari коешто е со назив 488 PISTA ја очекува својата промоција која би требало да биде направена за време на саемот во Женева ќе ги израдува вљубениците во брзите автомобили со оглед на тоа што има одлични перформанси.
Ferrari 488 PISTA е за 90 килограми полесен автомобил од 488 GTB, а моторот има поголема максимална моќност за 50 коњски сили. На тој начин оваа верзија на четирилитарскиот V8 мотор се претвора во најмоќната во историјата на Ferrari. Според бројките возилото ќе има максимално 720 коњски сили, а максималниот момент на вртежи е 770 Нм.

488 PISTA е долга 4,605, ширина 1,975 и висина 1,206 метри и е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 2.85 секунди и од 0 до 200 км/ч за 7.6 секунди, додека максималната брзина на автомобилот е над 340 км/ч.

За новото возило од Ferrari велат дека има искористено редица на дизајн, конструкциски и инженерски решенија од шампионатот World Endurance Championship на Интернационалната автомобилска федерација (FIA), со сериозен фокус на дизајнот, оптимизација на погон, суспензија и аеродинамика.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK