Eвтин Кинез пристигнува во Европа – го споредуваат со Audi A5 Sportback (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пред нешто помалку од една година се појавија фотографии од претсерискиот примерок на новиот модел на кинеската компанија ЈАС, која е најпозната по теренците и пикап моделите. Во меѓувреме ЈАС Ј7 доживеа премиера на домашен пазар, а компанијата соопшти дека елегантниот лифтбек ќе тргне во Европа, конкретно кон Русија, а потоа новиот модел би требало да се појави и во земјите од Латинска Америка.

JAC J7 е комби-лимузина на премин од C+ во D сегмент, чиј најпознат претставник е Skoda Octavia. Сепак, Кинезите амбициозно порачуваат дека со должина од 4.772 mm, ширина од 1.820 mm и визина од 1.492 mm – Ј7 според димензиите е поблизу до Kia Stinger и Audi A5 Sportback. Интересен податок: Извозната ознака на моделот е Ј7, а кинеската А5. Нема сомнеж за можна тужба од Audi.

Изгледот на автомобилите го потпишува Италијанецот Даниеле Галионе, кој своевремено работел во Maserati и Alfa Romeo каде што учествуваше во креирање на моделите 166, 159, Giulietta и 8C Competizione.

За погон е задолжен 1.5-литарски турбобензинец со сила од 150 „коњи“, највисок вртежен момент од 210 Nm, мотор за кој Кинезите ја купуваат лиценцата од Mitsubishi. Погонот е на предните тркала, а купувачите можат да бираат меѓу 6-степен мануелен и CVT менувач со континурирано променлив пренос на брзините.

Опремата вклучува и дигитална инструментална табла, мултимедиски систем со 10,4 инчен екран чувствителен на допир, кој е монтиран вертикално (како Tesla или Volvo автомобилите), влегување без клуч, стартување на моторот со копче, систем камера, панорамски кров, гласовна контрола на медиски систем, далечинско отворање на багажникот…

Сè уште нема конкретни најави за цената во Европа, но JAC J7 и тоа како е конкуретен во Кина, каде што основната верзија чини 84.800 јуани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK