BOLT EUV и BOLT EV: Новите електрични понуди на Chevrolet (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Chevrolet ја претстави целосно новата електрична понуда на пазарот, BOLT EUV, која дебитира заедно со обновената верзија на исто така електричниот BOLT, кој е првиот автомобил на компанијата опремен со систем за автономно управување на специјално мапираниот систем за автономно возење, Super Cruise.

Верзиите од моделската 2022 на BOLT EUV и BOLT EV се дел од стратешкиот план за електрификација на понудата на Chevrolet, кој предвидува лансирање на 30 нови целосно електрични автомобили ширум светот до 2025 година.

Основната цена на Bolt EUV е утврдена на нешто помалку од 34.000 долари, додека таа на Bolt EV на нешто под 32.000 долари. Апликациите за купување ќе почнат да се примаат во текот на летото.

BOLT EUV и BOLT EV

Верзиите 2022 година на BOLT EUV и BOLT EV се дел од стратешкиот план за електрификација на понудата на Chevrolet, кој предвидува лансирање на 30 нови целосно електрични автомобили ширум светот до 2025 година. Основната цена на Bolt EUV е утврдена на нешто помалку од 34.000 долари, додека таа на Bolt EV на нешто под 32.000 долари. Апликациите за купување ќе почнат да се примаат во текот на летото.

„Сакаме секој да е во електричен автомобил, а Bolt EUV и обновениот Bolt EV се од решавачко значење за постигнувањето на тоа. Заедно даваат можност за масовниот корисник да биде дел од нашата визија за нула несреќи, нула емисии и нула метеж“, вели Марк Руис, претседател на компанијата мајка General Motors.

BOLT EUV и BOLT EV користат еднаков погонски систем со електромотор со моќност од 200 коњски сили и вртежен момент од 360 Нм, а како резултат на интеграцијата на батерискиот пакет со капацитет од 65 kWh од Chevrolet посочуваат податоци за соодветно 402 и 416 километри автономија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK