Bеntlеy Соntinеntаl GT Spееd пристигнува со 6.0-литарски W12 и 650 KС

ОБЈАВЕНО НА:

Bеntlеy Соntinеntаl GT Spееd e помоќната верзија на луксузното купе со две врати и ветува поспортско однесување на патот. Од компанијата од В.Британија го опишуваат како најспортски насоченото Bеntlеy кое е некогаш произведено.

Под хаубата може да се најде 6.0-литарски W12 бензинец кој е со зголемена моќност до 650 коњски сили, додека максималниот вртежен момент од 900 њутн метри останува истиот како и кај обичниот Соntinеntаl GT. Погонот е на четири тркала, а автоматскиот менувач е со 8 брзини за побрзо менувње на брзината и подобро чувство при спортскиот режим.

Забрзувањето до 100 км/ч веќе одзема 3,5 секунди, а максималната брзина достига 335 км/ч. И покрај тоа од Bеntlеy споменуваат дека покрај забрзувањето во права линија, автомобилот е погоден и за пат со свиоци. За ова помагаат промени со суспензијата, како и системот за погон на четири тркала и заден диференцијал со ограничено користење.

Надворешно може да се познае Соntinеntаl GT Spееd по решетките, браникот и темните елементи над праговите и задниот браник. Карактеристичните се и 22-инчните тркала, а натписите Spееd на различни делови на автомобилот, можат да издадат и помоќна верзија.

Внатрешнсота исто така се одликува со двобојна комбинација од кожа и алкантара, а типично во стилот на Bеntlеy може да се избере меѓу 15 комбинации за првата и 11 за втората комбинација. Како и во надворешноста така и овде сите хромирани елекементи се заменуваат со потемни бидејќи тоа вклучува различни делови од централната конзола.

Моделот ќе влезе во продажба подоцна во текот на оваа година бидејќи сè уште не се споменати цени, но се очекува лесно зголемување во споредба со стандардниот Соntinеntаl GT.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK