Претставена STO верзијата на Lamborghini Huracan (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini ја разреши енигмата – тизерите кои ги објавуваше претходнните месеци се однесуваат на STO верзијата на моделот Huracan. Премиерата на оваа верзија, италијанскиот производител ја спорведе онлајн, а при тоа беа објавени и првите официјални податоци.

Најпрво, кратенката STO произлегува од Super Trofeo Omologato, а целосниот изглед е инспириран од моделите Squadra Corse Huracan Super Trofeo EVO и Huracan GT3 EVO.

За разлика од основниот модел, овој е за 43 килограми полесен, благодарение од материјалите кои се користени во изработката. Вкупната тежина изнесува 1.339 кг.

Располага со 5,2 литарски V10 мотор со 470 kw односно 640 КС и 565 Nm обртни моменти. Благодарение на овој мотор до стотка забрзува за само три секунди додека до 200 км/ч за девет секунди. Според Lamborghini, максималната брзина која може да ја постигне изнесува 310 км/ч.

Lamborghini Huracan STO

Следствено на ова, доаѓа и со подобар сооднос помеѓу тежината и моќноста од 2, 09 кг по КС.

Првите испораки на овој супер моќен модел ќе се случат следната пролет, а засега не е позната цената како и бројот на примероци во кои ќе биде произведен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK