Претставен Revolt – првиот автомобил на шпанскиот Baltasar

ОБЈАВЕНО НА:

Baltasar, најновиот шпански производител на автомобили основан во 2011 година, на почетокот на овој месец го најави, а сега и официјално го претстави Revolt, својот прв автомобил на електричен погон.

Од Baltasar со гордост наведоа дека автомобилот во целост, вклучувајќи ја и технологијата е развиена самостојно, а единствено имаат соработка со шпанскиот производител Millor Battery во поглед на развојот и производството на батерии.

Baltasar Revolt

Автомобилот е со тежина од 770 кг, благодарение на каросеријата од јаглеродни влакна. Располага со 600 КС и 998 Nm. До стотка забрзува за помалку од 2,5 секунди, а во соопштението на производителот не се наведува максималната брзина.

Со едно полнење на батеријата овозможена е автономија од околу 480 км. При тоа, полнење од само 5 минути е доволно за да може да се поминат 100 км.

Цената на овој автомобил изнесува 230 илјади евра, а заинтересираните купувачи може веќе да го нарачат. Првите испораки се планирани за следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK