Претставен Qoros 7 – 14,6 инчен екран и многу простор

ОБЈАВЕНО НА:

По надминување на првиот бран во Кина и стабилизирањето на пазарот на нови автомобили, кинескиот производител Qoros и официјално го претстави својот нов модел, кросоверот 7.

Станува збор за модел кој нуди одлична пространост, како за патниците така и во однос на багажниот простор. Тоа е така од должината која изнесува 4.679 мм, широчината 1.897 мм, височината од 1.679 мм како и меѓуоскиното растојание кое изнесува 2.720 мм.

Под хаубата доаѓа со 1,6 литарски турбо бензински мотор со 204 КС и 280 Nm. Во понудата подоцна ќе дојде и помоќниот 1,8 литарски турбо мотор со 231 КС.

Qoros 7

Впечатлив во внатрешноста е големиот, 14,6 инчен екран, а тука е и 8 инчен екран наместо инструментална табла. Во стандардното ниво на опременост доаѓа и големиот панорамски кров.

Цената на овој модел не е позната, но познато е дека во производство влегува кон крајот на август.

Qoros 7

Инаку Qoros е производител формиран во 2007 година. Сопственоста ја делат две кинески компании, Baoneng Group и Chery Automobile како и израелската Kenon Holdings.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK