Претставен новиот Subaru Legacy

ОБЈАВЕНО НА:

По неколкуте официјални тизер фотографии, јапонскиот прозиводител Subaru ја претстави седмата генереација од моделот Legacy. Како што и од претходно беше најавено, новата генерација се темели на SGP (Subaru Global Platform) платформата.

Овој модел во понудата доаѓа со неколку нивоа на опрема и тоа Base, Premium, Sport, Limited, Limited XT и Touring XT, а она што е карактеристично за сите овие нивоа е тоа дека доаѓаат со стандарден CVT автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Во однос на моторите, достапни ќе бидат два бензински мотори и тоа 2.4 литарски tubo boxer со 260 КС и 375 Nm како и 2.5 литарски атмосферски мотор со 182 КС и 240 Nm.

Во внатрешноста доминира 11.3 инчниот дисплеј со Subaru Starlink мултимедијален пакет, а тука се и AndroidAuto и AppleCarPlay.

Еволуцијата на внатрешноста доаѓа и со новите седишта кои обезбедуваат поголема коммфорност, а тука е и поголемата пространост која е истакната особено на задната клупа како и багажниот простор. Производителот ја потенцира и поголемата звучна изолација како и поквалитетните вградени материјали.

Subaru Legacy

Legacy е легендарен модел на јапонскиот производител гледано од историска гледна точка. Во понудата за прв пат се појавува во 1989 година кога е лансирана на американскиот пазар како конкурент на Honda Accord, Toyota Camry, Mazda 626 и Nissan Stanza. Од тогаш па се до денес лансирани се шест генерации, а овој седан е најпродаваниот во историjата на брендот.

Во продажба доаѓа кон крајот на оваа година, а иако се шпекулираше дека со овој модел Subaru на голема врата ќе се врати во Европа, сепак покрај на домашниот пазар ќе се продава само и во Северна Америка каде ќе ги предизвика јапонските конкуренти.

Продажната цена и натаму останува непозната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK