Претставен Hispano Suiza Carmen со 1085 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Како што беше и претходно најавено на саемот за автомобили во Женева шпанската компанија Hispano Suiza го претстави концептниот автомобил Carmen.

Составен дел од овој супер автомобил е 5.2 литарски twin-turbo V10 мотор со неверојатни 1085 КС. До 100 км/ч ќе забрзува за само 2,8 секунди. Максималната ограничена брзина изнесува 380 км/ч што го прави еден од најбрзите автомобили на денешницата.

Претходно се појави и информација дека почетната пазарна цена на овој автомобил ќе изнесува 2,2 милиони евра. Инаку овој производител производството ќе го спроведува заедно се QEV Technologies, компанија од Барселона која меѓудругото ќе ги произведува и неопходните батерии.

Hispano Suiza Carmen

За потсетување, овој шпански производител е формиран на 14 јуни далечната 1904 година во каталонската престолнина Барселона. Од историјата, до втората Светска војна, овој производител е најголем во Шпанија, а во меѓувреме под лиценцата на овој бренд се отвора фабрика и во Аргентина.

Во периодот помеѓу 1918 и 1936 година, Rolls-Royce користи бројни патенти и тогашни иновации развиени од Hispano-Suiza. Сепак поради финансиски проблеми овој производител згаснува во 1968 година.